Неверојатни факти за модата

Модната индустрија е машинерија која отсекогаш работела со полна пареа. Но, она што го носиме денес, сигурно не е измислено во 21-от век. Погледнете неколку модни факти кои се интересни и забавни.

Сите сме виделе копчиња на ракавите од јакните, но малку од нас знаат дека тоа е идеја на Наполен Бонапарта. Во времето кога тој владеел, на своите кројачи им нарачал да сошијат копчиња на ракавите, со цел да не им се одвлече вниманието на војниците ако нивните ракави „летаат“ на сите страни.

Washington-hand-in-jacket

Денес, модата за децата е еднакво важна како и модата за мажите и жените. Но, дали знаевте дека трендот децата да бидат убаво и модерно облечени се развил пред 200 години? Пред тоа децата морале да носат помали примероци од машките и женските дизајни.

Louis_XV_child_by_Gobert

Сѐ до 19-от век немало манекенки, па дизајнерите своите креации ги изложувале на мали кукли. Тоа всушност било добра идеја, бидејќи така тие не трошеле пари на манекенки, модни шоуа, а за да се презентира еден модел било потребно малку материјал.

BD31022A-main

Во времето на рускиот цар Петар во Русија, се плаќало данок за израсната брада. За разлика од тогаш, денес брадата се смета за дел од личниот стил и начин на живот.

96fe123f9225a8e83dc29912d8b867d3

Во 1850 година, 70% од луѓето шиеле облека која самите ја носеле. Модата не била важна, но удобноста била клучна. Денес, модата е исклучително важна, а рачно изработените материјали се најценети на пазарот и  нивната сума е висока заради ексклузивитетот кој го имаат.

bb209f054e55262cf4c3fc915d2f7eff

Модерната жена не може да живее без накит. Но, треба да се знае дека мажите се тие кои први почнале да носат накит, со цел да го истакнат нивниот социјален статус во општеството.

888728273e345feddba17c6468b6446c

Денес, иако со мали корекции, природните веѓи се во мода, но за време на ренесансата жените ги бричеле веѓите. Пример за тоа е Мона Лиза.

Mona_Lisa_(copy,_Hermitage)

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.