Вкусна габа која го чува Вашето здравје

Печурките се користат како храна и лек веќе илјадници години. Тие се едни од најздравите продукти во исхраната на човекот и се препорачува на вашето мени да се најдат барем три пати во неделата. Печурките се разликуваат од останатите продукти по тоа што содржат мала количина на сол и шеќер, но повеќе витамини, минерали и антиоксиданси кои штитат од болести. Исто така, тие не содржат холестерол и масти, а поради тоа се и нискокалорични.

Печурките содржат многу витамини и минерали кои неопходни за организмот како витамин А, витамин Б (1-Тијамин, 2-Рибофлавин, 3-Нијацин, 5-Пантенолска киселина, 9-Фолна киселина), витамин Х (Биотин), железо, калиум, калциум, магнезиум, натриум, цинк, ерготионин и селен. Селенот и ерготионинот се антиоксиданси кои во голема мера се застапени кај печурките. Антиоксидансите знаеме дека ги врзуваат слободните радикали и помагаат при борбата со хронични болести. Но она што е интересно е дека во белите печурки има 12 пати повеќе ерготионин отколку во пченичните никулци и 4 пати повеќе отколку во пилешкиот џигер, продукти кои предходно беа највисоко рангирани како содржатели на овој антиоксидант.

06182015-grilled-mushrooms-sesame-dressing-shaozhong-1

Печурките се богат извор на растителни влакна кои ни се неопходни за правината работа на цревниот систем. Така што, 100г печурки содржат повеќе диетални влакна (2.5г) од 100г целер (1.8г) или од кришка интегрален леб (2.0г). Печурките поради својот лековит состав поволно делуваат кај следниве болести и тегоби: алцхајмерова болест, алергии, анемија, астма, депресија, дијабетес, за подобра концентрација и помнење, импотенција, јакнење на нервниот систем, лекување при некои видови рак, одржување на здрави крвни садови, остеопороза, превенција кај органите за варење, проблеми со штитната жлезда, проблеми со “лошиот” холестерол и крвниот притисок, проблеми со косата и кожата, со нервите, со коските и забите. Имаат позитивно влијание и врз стресот. Тие содржат и полисахариди кои влијаат на одбрамбеноста на организмот, препознавањето на малигните клетки, нивно уништување и повторното враќање на организмот во рамнотежа. Бидејќи без нормалното функционирање на имунолошкиот систем, нашето тело е изложено на ризик од секакви инфекции и болести.

Како природен извор на витамин „Б5“, кој на телото му дава енергија и издржливост, оваа намирница како да е создадена за луѓе кои живеат со забрзано темпо на живот. Исто така, печурките се нискокалорични и со тоа се идеални за оние кои на здрав начин сакаат да загубат некој килограм. Најбогати со протеини се шампињоните и вргањот кои поради тоа се одлична замена за месо. A Само 80 грама печурки по својот состав можат да заменат еден дневен оброк овошје и злеленчук. Печурките се природен извор на фолна киселина која многу тешко се надополнува по природен пат. Освен што се вкусни и за миг можат да го збогатат секој ваш оброк, печурките се многу здрава и хранлива намирница која би требало да се најде во вашата чинија.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.