ЈУБИЛЕЈ 65 години СОВРЕМЕНОСТ – промоција и изложба

Ќе се одржи прослава по повод 65 годинишниот јубилеј од постоењето на најстарото македонско книжевно списание СОВРЕМЕНОСТ. Настанот се состои од промоција на овогодишните броеви на списанието, како и промоција на старите броеви, но и од ретроспективна изложба на предмети и документи и изданија на кои СОВРЕМЕНОСТ е издавач.

Овој значаен настан за македонската литература и книжевна критика ќе се одржи на 12. мај (четврток) во 12 ч. во НУБ „Св. Климент Охридски“.

П.С. За време на промоцијата, списанијата ќе бидат достапни за посетителите.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.