Twelve Moons of Jazz

Капата на глава, гитарата во рака, “Twelve Moons Of Jazz” продолжува……

Мелодична смиреност на уникатен џез стил со космополитски дух и воедно урбан симбол на музичкото просветлување е композиторот кој свири на гитара Тони Китановски. Целината на звукот ја продлабочуваат двајцата пред се пријатели, потоа колеги, Васил Хаџиманов (пијано) и Александар Секуловски (тапани). Покрај тоа што ја делат бината, исто така делат заеднички интерес за Африка, современата естетика и слободниот тек на интеракција.

Оваа месечина им ја посветуваме на Toni Kitanovski Trio.

Тони Китановски (гитара) ја започнува својата музичка едукација заедно со Драган Ѓаконовски – Шпато во 1979 година. Од 1986 до 1990 тој е лидер на триото “Шпато”, со кој изведуваат бројни концерти, радио и телевизиски настапи како трио, исто така има и многу соло изведби. Китановски се опишува себе како композитор кој свири гитара. Десетте години поминати во Бостон, благодарение на целосната стипендија на “Berklee College of Music”, му биле исполнети со уникатни и екстремни музички откритија, преку кои ја обликува бојата на својот музички глас. Има работено и зведувано со џез легенди како Charlie Mariano, Greg Hopkins, Derek Trucks, Steve Bernstein и многу други.

Васил Хаџиманов (пијано) од секогаш бил прв избор на Китановски уште од нивното запознавање во Бостон, на “Berklee College of Music”. Освен водењето на сопствен бенд, Хаџиманов оди на турнеи и снима со голем број истакнати музичари на двете страни на Атлантикот, вклучувајќи ја и Јапонија. Во декември 2014 свири пијано дует заедно со Бојан З.

Александар Секуловски (тапани) пак го прави триото комплетно. Долго време тој работи заедно со Китановски на сите негови проекти. Настрана од особено големиот интерес за истотијата на џезот и тапаните како инструмент, тој исто така е истакнат композитор за театар, има освоено “Gran Prix for Music” од Московскиот Театарски Фестивал, покрај многуте други награди.

Влез: 150 денари

Картите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:

http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Резервациja: +389 72 562 405

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.