Што се крие во суштината на хороскопот

Приказната за Астрологијата започнува одамна. Луѓето на небото ги забележале Сонцето, Месечината и Ѕвездите, прашувајќи се што во нивните животи тие би можеле да значат. Во Астрологијата и Сонцето се смета за Планета, затоа што некогаш на луѓето им се чинело дека тоа се движи преку небесниот свод. Земјата изгледала рамна и неподвижна, па не било препорачливо да се тврди поинаку, иако некои знаеле дека тоа и не е некоја нужна вистина. Уште пред 2200 години, Аристарх од Самос пресметал дека Земјата е всушност топка. Денес тоа е познато на секого, но порано тоа знаење се криело од народот, зашто луѓето најчесто веруваат на она што им изгледа очигледно. Бидејќи се верувало дека целиот Свет е создаден од 4 основни елементи: Оган, Земја, Воздух и Вода, а постоеле по 4 месеци со исти квалитети во годишниот циклус на Сонцето, тогаш е направена поделба на еден квалитет на овие 4 елементи.

Од причина дека за се на светот обично постои нешто спротивно по својата природа, а едниот елемент од таа двојност се смета за подобар, поповолен или попозитивен, додека другиот за понеповолен, полош или негативен. Но тоа мораме да го разгледуваме во смисла на активност и пасивност, а не како црно/бело, или исклучително добро/исклучително лошо. Кога така ги поделиле месеците, за полесно да ги запомнат особините на поединечен месец, го пронашле во природата она што најмногу во себе ги поседувало карактеристиките на таквата природа. На тој начин настанале Зодијачките Знаци со кои во Астрологијата се опишуваат особините на луѓето кои се во нив родени.

_im__four_elements_by_dixfirebone-d31jwak

Многумина, кои од забава почнуваат да читаат хороскоп се изненадуваат кога ќе видат дека авторите на тој хороскоп имаат значителен успех и ја погодуваат иднината. Некои не можат да го започнат денот доколку не прочитаат што им „претскажуваат“ ѕвездите, други пак хороскопот го читаат поради забава, тука се и оние кои не веруваат во „пророштвата“, а постојат и оние кои не читаат хороскоп, ниту пак ги интересира тоа. Научниците дошле до заклучок дека читањето на хороскоп е лошо. Британските медиуми додаваат дека оние кои веруваат во хороскопските прогнози имаат помала самодоверба во себе. Истражувањето, чии заклучоци се објавени во Journal of Consumer Research, покажа дека оние кои веруваат дека нивната судбина може да се смени донесуваат импулсивни одлуки „водени“ од хороскопските предвидувања. Според резултатите од истражувањата  37 отсто од испитаниците читаат хороскоп пред да донесат некоја голема и важна одлука.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.