Едноставни трикови за чистење на домот

Бришењето на прашината претставува вистински проблем посебно кога ги немате вистинските „алатки“. Крпата која најчесто ја користите или предизвикува само разлетување или ако се одлучите да ја потопите во вода, тогаш целата прашина останува на стаклените површини.

За среќа, постојат неколку трикови  кои ќе ви го олеснат пролетното чистење на домот:

Влажни марамчиња

Лаптопот можете наједноставно да го исчистите со употреба на влажни марамчиња. Протресете го од можни отпадоци меѓу копчињата и избришете го со влажните марамчиња. Внимавајте да не биде приклучен.

Clean-a-Macbook-Pro-Screen-Intro

Омекнувач

Направете смеса од ¼ омекнувач и ¾ вода. Со оваа течност полесно ќе можете да ги бришете стаклените површини и останатите површини каде најмногу се собира прашината. Потоа уште еднаш поминете ги површините со сува крпа.

Young woman washing windows

 

Меки четки

Употребете мали меки четки за бришење и чистење на тешко достапните површини како и за ситниците. Можете дури да ги искористите старите четки за шминкање кои секако не ги употребувате веќе.

computer-cleaning

Хулахопки и чорапи

Употребете ги старите хулахопки или чорапи за собирање на поголемите парчиња прашина кои се собираат под кујната и мебелот. Заврзете ги на обичен стап и со нив собирајте ги парчињата прашина кои се собираат на тепихот.

2012_03010023 (1)

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.