Како се создаваат навиките

Како што пишува магазинот Enterpreneur, ако се земе предвид интелигенцијата, може да се утврдат навиките на интелигентните луѓе, и добри и лоши. На пример, едно истражување покажало дека луѓето со висока интелигенција поставуваат цели и читаат многу, но од лошата страна се склони кон алкохол или други пороци. Лошите навики се штетни за човекот и ментално и физички и емотивно. Некои се лесни за искоренување, а за некои треба да се вложи повеќе труд. Сепак, исплатливо е. Исто како што е важно да се воспостават ритуали за продуктивност односно добри навики.

Широко распространето е мислењето дека навиките се создаваат додека сме сè уште деца. Како деца ја усвојуваме навиката за секојдневна лична хигиена или навиката за учење. Многу возрасни луѓе воопшто не се ни обидуваат да претворат некое дејство во навика, затоа што сметаат дека нема да можат да успеат. Вистината е дека навиките се создаваат сè додека имате желба за тоа. Дали знаевте дека е потребен само 21 ден за да креирате навика? Научно е докажано дека откако ќе практикувате едно исто нешто секојдневно во период од 21 ден, тоа станува дел од вашиот живот. Ќе ви биде полесно да си одделите време за него и ќе придобиете мотивација да сакате да го практикувате, без да чувствувате дека сте принудени да го правите.

pixelmk-zdravi-naviki-shto-kje-vi-go-smenat-zhivotot-43162

Сигурно многупати сте посакале да имате навика за секојдневно вежбање, јадење здрава храна, пиење на повеќе вода или пак почесто читање книги. Па, кога веќе ја имате желбата, нема што друго да ве спречи. Заборавете ги различните изговори кои си ги кажувате секој ден и започнете да преземате конкретни чекори за да си го направите животот подобар преку здрави и корисни навики.  Она што овие луѓе ги прави поинакви, но и поздрави од останатите се секојдневни навики кои прераснуваат во рутина, а истите им даваат здрав живот. Не постои некоја посебна формула за здравје, среќа или долг живот туку постојат некои навики кои можат да го променат нашиот живот на подобро.

Какви се вашите навики?

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.