ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ

Верувај во себе кога ти е најтешко никогаш не губи надеж

не се откажувај и предавај така лесно за ништо во животот

дури дa немаш грб и поддршка од фамилијата,

бидејќи кога – тогаш ќе дојдат и твоите 5 минути

макар и цел живот ги чекала.

 

Не потклекнувај на никакви коментари

било да се од фамилијата или пријатели,

кога ти се плаче – исплачи се

набргу стани и врати се во нормала

бидејќи никој нема да ти поверува на твоите солзи,

дури може шеги на твој грб и мака да си направат

затоа никогаш не подгазувај ги твоите способности

туку исправи се Tи – млад болен човеку – биди горд на себе

што никој друг ги нема твоите атрибути и квалитети,

погледни во сонцето насмевни му се и кажи си во себе – ‘’повеќе не вреди за ништо и никого да се нервирам’’

непотребно нервите да си ги губам

го молам и довикувам кај и да е мојот ангел чувар

побргу да дојде во мојот дом

конечно да пристигнат моите долгоочекувани 5 минути,

ете конечно ги дочекав

иако чекав,чекањево се исплати – си даде свои резултати,

сепак за жал во реалноста јас сеуште чекам,

само се надевам и верувам во себе дека ќе ги дочекам.

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.