Џакомо Пучини „ТУРАНДОТ“

Во четврток, 26 мај 2016 г. со почеток во 20 часот, во рамките на 44 Мајски оперски вечери, во Македонската опера и балет ќе биде изведена спектакуларната претстава „Турандот“ на Џакомо Пучини.
Годинава на 25.03. „Турандот“ имаше нова премиера, со нова авторска екипа, нова режија, сценографија и костимографија и наиде на одличен одѕив, како кај публиката, исто така и кај критиката.
Во претставата ќе настапат: Оксана Крамарева  од Украина, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија Nessun Dorma, ќе настапи Симоне Фредијани од Италија, Лиу: Сандра Митровска, Тимур: Игор Дурловски, Пинг: Кристијан Антовски, Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев, Мандарин: Славчо Димовски, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Дарко Нешовски, Џелат: Тихомир Јакимовски.
Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, диригент: Џана Фрата, (Италија), светло дизајн: Волфганг фон Цубек (Австрија).

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.