Парацетамол- нож со две острици!

Парацетамолот е едно од најупотребуваните средства за ублажување на болката и намалување на телесната температура, но најновите истражувања покажуваат и дека влијае врз емоциналната состојба.

Употребата на парацетамол може да предизвика намалено чувство на емпатија, односно помалку грижа за проблемите на другите луѓе. Ова е потврдено со истражувањето направено од научниците на универзитетот во Охајо, САД, каде направиле серија на тестови со луѓе кои што биле под дејство на супстанцата. „Увидовме дека луѓето што земаа парацетамол не беа многу заинтересирани за болката на другите луѓе“.

Покрај тоа што ја ублажува болката, парацетамолот нè спречува и да сочувствуваме со туѓата болка, покажуваат најновите истражувања. Имено, научниците сметаат дека замајувањето на делот од мозокот задолжен за чувствување на болка го отежнува сочувствувањето со болката на другите. Парацетамолот може да ја намали способноста за емпатија, што е загрижувачки.

Cf08V3OUIAAJMIX

Емпатијата е важна. Ако сте во расправија со брачниот партнер, а непосредно пред тоа сте испиле парацетамол, вашата способност да сфатите дали и зошто сте го повредиле можеби ќе биде намалена“, додаваат тие, пишува Daily Mail.

Парацетамолот го олеснува донесувањето на тешки одлуки. Донесувањето сложена одлука може да биде болно, но аналгетикот против физичка болка може да го ублажи тој ефект“, заклучуваат тие. Исто така, парацетамолот може да ја намали болката од многу потрошен кеш. Имено, се работи за болка што ја доживуваат луѓето кога даваат пари во готово наместо да платат со картичка. Имајќи ги предвид претходните студии за овој лек, кои покажуваат дека парацетамолот го отупува чувството за радост, веројатно уште многу има да се учи за овој лек.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.