ГАЛА КОНЦЕРТ – КОНТРАТЕНОРИ

Во сабота, 28 мај 2016 г. со почеток во 20 часот, во рамките на 44 „Мајски оперски вечери“, во Македонската опера и балет ќе биде изведен редок настан,  Гала концерт на тројца контратенори. Контретенорот е редок и специфичен глас. Се одликува со висини несвојствени за машките гласови. Интерпретираат репертоар од ренесансни, барокни и класични автори, односно автори кои пишувале дела во кои настапуваат високи машки гласови.
На концертот во МОБ, ќе настапат: Макс Емануел Ценчиќ (Хрватска),  Василиј Хорошев (Русија) и  Реј Ченез (САД)

Режисер е Дејан Прошев, а диригент: Мориц Гнан (Германија)
Настапува Оркестарот на Македонска филхармонија.

Билетите можете да ги купите и резервирате на билетарницата на МОБ, тел: 02 3118-451 или online: www.mob.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.