Најтешкото прашање

Што е среќа?  

Многу често, ако ги прашаме луѓето „Која е смислата на животот?“ – ќе одговорат: „Сакаме да бидеме среќни“.                   Среќата е на самиот врв на скалилата од желбите кај луѓето. Доживувањето на среќата е сосема различно кај сите, па затоа постои и различна дефиниција за неа, кои дури и големите мислители ја толкувале на различен начин. Се поставуваат прашања: Дали постои рецепт за среќа, има ли симбол среќата? Што е среќа? Едно од клучните прашања според кои го водиме својот живот. Можеби и премногу индивидуално за да се зборува за тоа. На ова комплицирано прашање одговорот е многу лесен. Тоа што секој го посакува е една и единствена работа, а тоа е среќа.

Во денешниот свет парите симболизираат среќа бидејќи поимот среќа се гледа низ материјалните нешта. Таквиот свет е површен. Но за секого среќата е различна, но сепак таа најмногу зависи од нашите ставови, сонови и внатрешни вредности. И културната средина игра голема улога, бидејќи она што сме научиле дека е најдобро за нас, она што ги усреќува луѓето околу нас, тоа и нас ни носи среќа. Среќата се негува и се чува. Таа не може да се сокрие, среќата е рефлексија на внатрешната состојба, јасно се гледа во нашето однесување. Вашите избори, мисли и дејствија можат да влијаат на нивото на среќа. Можеби среќата не доаѓа лесно, но со прифаќањето на следните мали совети гарантирано ќе започнете да создавате една посреќна личност.

Среќа е кога не мораш да зборуваш за неа, туку се’ се гледа на твоето лице и во твоите очи. Да сфатиш дека треба да создаваш, да почувствуваш инспирација и да твориш, да го живееш секој ден, да учиш и за добри и за лоши работи, да научиш да сакаш, да простуваш, да бидеш сакан и да сакаш. Запознај го животот таков каков што е. „Среќа не е секогаш да го добиваш она што го сакаш, туку да го сакаш она што го имаш и да бидеш благодарен за тоа.“

20120312-suverie-1

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.