Жетва на највисоки награди за маестро Татарчевски и Женскиот хор при МКЦ во Вроцлав, Полска

Женскиот младински хор при МКЦ, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оствари извонреден резултат на шестиот меѓународен фестивал и хорски натпревар за духовна музика “Vratislavia Sacra”, кој од 3 до 6 јуни се одржа во европскиот град на културата за 2016 година, Вроцлав.

Имено, хорот се закити со први места во двете категории во кои се натпреваруваше (категорија за еднородни хорови и категорија за госпел и спиритуал), а диригентот Татарчевски доби дури три специјални награди за најдобар диригент од стручното жири, од жири комисијата на организацијата „Вроцлав, европски град на културата“ и од претставниците на музичката академија во Вроцлав.Освен нашиот хор, на фестивалот учествуваа уште дваесетина ансамбли од Европа и САД, кои, покрај на натпреварот, зедоа учество и на голем број концерти што се одржуваа во неколку од величествените катедрали низ градот. Успехот е дотолку поголем бидејќи нивото на сите присутни ансамбли беше исклучително високо, а во секоја категорија се доделува само по една прва, втора и трета награда.

[su_custom_gallery source=”media: 7333″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”600″ height=”490″ title=”never”]

Женскиот младински хор при МКЦ годинава слави 44 години од постоењето и е еден од најуспешните колективи кој ја претставува Македонија на меѓународната сцена, освојувајќи голем број награди и признанија.

[su_custom_gallery source=”media: 7332″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”600″ height=”490″ title=”never”]

Маестро Сашо Татарчевски е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје по група предмети од областа на диригирањето. Успешно настапува со разнородни инструментални и вокални ансамбли во Македонија и странство, а постојано работи и постигнува меѓународни успеси со неколку хорови како професионалниот камерен хор „Про Арс“, хорот на ФМУ Скопје „Драган Шуплевски“ и Женскиот младинско хор при МКЦ. Редовен член е во неколку жири комисии на меѓународни хорски натпревари, а од 2014 година е уметнички раководител и главен предавач на меѓународниот хорски форум во Струга.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.