„Концерт на студентите по соло пеење од државните факултети во Р. Македонија, во чест на проф. Коста Трпков“

Во петок 10 јуни, 2016 г. со почеток во 20 часот, во Фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи „Концерт на студентите по соло пеење од државните факултети во Р. Македонија,  во чест на проф. Коста Трпков“. Професорот Коста Трпков е првиот вокален педагог на Факултетот за Музичка уметност во Скопје и концертот се одржува во знак на негово сеќавање.
Ќе настапат студенти од класите на професорите: Марија Муратовска-Наумова, Горан Начевски, Славица Петровска-Галиќ, Весна Ѓиновска-Илкова, Борис Трајанов и Ана Дурловски.
На програмата се арии од делата на: В. А. Моцарт, Џ. Верди, Џ. Пучини, Р. Леонкавало, Ј. Штраус, Р. Вагнер, П. И. Чајковски, Ж .Бизе и Х. Пурсел.
Ќе ги придружува оркестарот на Македонската опера и балет.
Диригент е Иван Еминовиќ.

Влезот за концертот е БЕСПЛАТЕН.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.