Школата за визуелни и применети уметности при Аристотел Универзитетот од Грција

Под мотото „Поврзи ме со креативност- „Hub me with creativity“ во трите фестивалски денови на „Скопје Креатива 2016“, посетителите ќе можат да проследат повеќе изложби, презентации, работилници, предавања, додека  во вечерните часови ќе можат да уживаат во филмски проекции, видео и мултимедијални претставувања, концери и музички перформанс на познатите диџеи. Меѓу повеќето интернационални гости на Фестивалот со свои работилници, предавања и изложба ќе се претстават гостите од Грција, од Школата за визуелни и применети уметности при Аристотел Универзитет.[su_custom_gallery source=”media: 7343″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”450″ height=”450″ title=”never”]

Работилница и Презентација со која ќе се представат, насловена АгроДизајн, има за цел да ги зајакне креативните синергии и да ги спои студентите од агрикултура, архитектура и уметност кои работат интензивно преку размена на знаење и пракси, посветувајќи се на детални предлози за специфични продукти и услуги. Гостите од Грција ќе се представат и со презентацијата: Синергија на науката и уметностите како предуслов за креативност и иновативност“.  Како завршница на своето излагање ќе имааат заедничка изложба-проект: Agrodesign  на лабораторијата за индустриски дизајн.

Лабораторијата е активна во следниве области: Истражување – истражува нови методолошки стандарди за дизајнирање на употребливи објекти. Дизајн (индустриски дизајн) со фокус на иновации кои се произлезени од технолошко-хуманизирани мотивации. Образование и Интердисциплинарна синергија, стремејќи се кон развојот и промовирањето на дизајнот. Представници од Школата кои ќе заземат учество на Скопје Креатива 2016 се Д-р Георгиос Лиамадис, раководител на Лабораторијата за индустриски дизајн и  доцент на Школата за визуелни и применети уметности на Аристотел Универзитет со своите соработници, Ана Боуту и Пенелопе Пападимитраки.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.