Втора самостојна изложба на Филип Цакоски

В петок во 19.00 часот во џез-клубот Take five во Прилеп, ќе биде отворена втората самостојна изложба на младиот  ликовен уметник Филип Цакоски.

Изложбата е насловена „Што ако?“ (What if?). Насловот го опишува немирниот дух, неспокојството и желбата за експериментирање и самодокажување. Преку сликите и скулптурите е прикажана емотивната варијабилност, љубовта  и чувствата што таа ги предизвикува.

За изложбата  и за авторот на отворањето ќе зборува Лепа Милошевска- историчарка  на уметност и сликарка.

Заинтересираните што нема да присуствуваат на отворањето, изложбата ќе можат да ја разгледаат до 17 јуни.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.