Отварање на Фестивалот Скопје Креатива 2016

Денеска започнува овогодинешниот Фестивал на креативни индустрии, Скопје Креатива 2016. Под мотото Поврзиме со креативност, вечерва во 20:00 часот и официјално започнува долгоочекуваното раздвижување на културно-уметничкиот аспект во Градот.

На отварањето на Фестивалот кратко излагање ќе има Министерот за Култура на РМ, Д-р Елизабета Канческа-Милевска, а веднаш по неа свое обраќање ќе има и Градоначалникот на Град Скопје, Г-н Коце Трајанов. Фестивалот ќе започне со изложбени презентации на гостите од Грција, Артистотел Универзитет, Солун, Изложба на гостите од Косово, потоа следува изложбата на нашите Факултети за Арт и дизајн при ЕУРМ, Архитектура и дизајн (УАКС) и Архтектонски факултет (УКИМ). Првиот Фестивалски ден е резервиран  и за проектот, Инфо млади и кретивни, во кој ќе се представат средносшколци од неколку средни училишта од Скопје со пет различни проекти: мода, филм, кулинарика, ИТ апликации и макети. Поп-ап продавниците со 34 учесници ќе го заземат своето место вечерва, изложувајќи ги соите уникатни рачни израбтки од накит, филигран, украси за домот, модни додатоци и друго. Забавата за посетителите на првата фестивалска вечер ќе биде надополнета со концерти на групите ТИ (Србија) и Фулишгрин(Македонија). Тука е и филмската проекција Мизар на Факултетот за драмска уметност.

Фестивалот е во организација на Конгресен центар Александар Македонски, а подржан од Градот Скопје. Повеќе информации на следниов линк.

Влезот е бесплатен за сите посетители. Отварање – четврток,  10 јуни, 20:00ч Плаја Виста, Скопје

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.