Викенд издание на Скопје Креатива

Последниот и највозбудлив ден на Скопје Креатива донесе уште по величествени гости и незаборавни моменти.

Утрото во 10 часот Фестивалот го отворија работилниците за деца, а веднаш потоа со свои работилници продолжија гостите од страна, најпрво Ана Лишч од Полска, Хајдулф Гернгрос од Австрија, но свои презентации имаа и нашите истакнати, Вера Христова со Македонски орнаменти, Урбанолд, а во попладневните часови и Неотел представувајќи го својот нов производ НеоТВ. Модулар оджа своја презентација за крај, кои во соработка со Фондот за Иновации привлекоа доста заинтересирани учесници, дизајнери, уметници и производители, кои покажаа особена тенденција и интерес за вклучување во платформата на Модулар. Ова беше и втора панел дискусија која оваа креативна заедница ја организира кај нас. Покрај презентациите, на програмата имаше и интересни работилници, меѓу кои беше работилницата за текстил, на Викторија Новак од Полска, Кроудфандинг на Лука Пишкорич од Словенија, Работилница за брендирање на Меккен и Работилница на Њу Менс Бизнис Акселератор.

Вечерните часови се секогаш со особен интерес на Фестивалот. Вечерта ја отворија Архитектонси факултет со неколку свои кратки филмови изготвени од студентите, Христина Младеновска имаше свое видео перформанс на платно, Создавање на универзумот, а по нив за забавата се погрижи ДиЏеј Шурбе.

Целата атмосвера на Фестивалот и тоа како течеше фестивалскиот ден, можете да погледнете фотографии во прилог, изготвени од нашиот сликар, соработник и професионалец, Сашо Алушевски.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.