Започна Скопско лето

Вчеравечер со свечено отварање започна по 37-ми пат манифестацијата Скопско лето. Чест да ја прогласи за отворена имаше Градоначалникот на Град Скопје Г-н Коце Трајановски, во присуство на Министер за Култура на Република Македонија, дипломатските представници во земјава, солистите и оркестарот на МОБ, граѓаните, присутните посетители пред платото на МОБ и медиумите. Под диригентска палка на Бисера Чадловска гала оперски концерт изведоа солистите и оркестарот на Македонската опера и балет. Во рамките на Скопско лето, на првата вечер, нешто порано, во Националната галерија на Македонија – чифте амам, своја изложба имаше Жарко Башески, насловена „Ordinary human“.

Жешкото скопско лето продолжува со нови случувања, премиерни представи и концерти од рамките на СКОПСКО ЛЕТО. Вечерва на програмата е премиерата на „ПЕПЕЛАШКА“, театарска претстава според Шарл Перо и браќата Грим која во 19часот ќе биде прикажана во Театарот за деца и младинци во режија на Дејан Дамјановски, драматизација (Горјан Милошевски), костимографија (Елена Дончева), сценографија (Кирил Василев), музика (Сашко Костов), кореографија (Кренаре Невзати), а ќе играат: Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Катарина Илиевска Силјановска, Емра Куртишова, Симона Спировска, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска, Мики Анчевски, Владомир Лазовски, Мартин Јорданоски и Ана Левајковиќ – Бошков.

Нешто подоцна во 21:30 часот на репертоарот на Скопско лето е закажан концерт на Џенгиз Ибрахим  „Хиџаз 2“, кој ќе биде изведен на малата сцена на Македонска опера и балет. Концертот е под авторска музика на Џенгиз Ибрахим- канун – кларинет, а учествуваат: Петар Христов – кларинет, Зоран Павловски – контрабас, Ана Митоска – вокал, Бирол и Хусамедин – деф. Кореографија и изведба: Олга Панго и Видео дизајн: Емил Петров.

Урбаната уметност во градот заедно со СКОПСКО ЛЕТО продолжува и во предствојните жешки летни денови.

[su_slider source=”media: 7402,7400,7399,7401″ limit=”4″ link=”lightbox” width=”640″ height=”440″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”3000″ speed=”3000″][su_slider source=”media: 3570″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”680″ height=”340″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″] [su_slider source=”media: 3570″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”380″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.