Одлична изведба на студентите на ФМУ со изворна традиционална музика.

Синоќешниот концерт на студентите од Факултетот за Музичка уметност по повод 50 години од постоењето на ФМУ, со студентите од класата на Проф д-р Драган Даутовски, помина со видливо расположение кај градската публика и во полн капацитет пред платото на Македонската опера и балет. Концертот насловен „Приказни од нашето детство“ вклучи музичка изведба на народни изворни инструменти, традиционално пеење и изведувачка техника на орфов и народен инструментариум и е дел од овогодинешната програма на Скопско лето. Дел од концертот го надополнија и учесниците од културно-уметничкото друштво „Орце Николов“.

СКОПСКО ЛЕТО, како манифестација оваа година започна со импресии кај публиката во повеќе од очекуван тек и во целост ги исполнува очекувањата на скопската публика. Во предстојните претопли денови во главниот град, културното раздвижување дојде како вистинска релаксација за скопјани. Програмата секако продолжува и во преостанатите 40 дена од оваа манифестација. Вечерва на програмата е ликовен проект „ФЕМИНА“, со Јана Манева Чуповска, која е куратор на овој проект. Автори на проектот се: Христијан Санев, Јовица Мијалковиќ, Ибраим Беди, Филип Фидановски, Благојче Наумовски, Урош Вљковиќ, Горан Манев, Исмет Рамичевиќ (Србија), Аљоша Нинковиќ, Златко Цветковиќ, Арпад Пулаи. Ликовниот проект ќе се одвива во Културно информативниот центар – Салон1 со почеток во 21:00часот.

Манифестацијата СКОПСКО ЛЕТО е под покровителство на Град Скопје и Министерство за Култура на РМ, а во организација на Дирекцијата за Култура и Уметност, со подршка на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ – Скопје.

[su_slider source=”media: 7417,7416,7415,7414″ limit=”4″ link=”lightbox” width=”740″ height=”380″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”3000″ speed=”3000″][su_slider source=”media: 3570″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”680″ height=”340″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″] [su_slider source=”media: 3570″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”380″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.