Рок свирка на плоштад „Македонија“- сабота, 02јули

Проектот Улични музичари и артисти во текот на предстојните летни денови, предвидува многу забава, дружење, музика, свирки, култура и уметност.  Програмата е предвидено да се реализира на централното градско подрачје и на централните плоштади во Градот Скопје. Во рамките на овој проектот, на плоштад „Македонија“, за утре, 02 јули (20часот) е закажана рок свирка со бендот Чил Плеј.

Чил Плеј [Chill Play] е македонски бенд формиран во Скопје составен од  гитаристот Даниел Шилев и пеjачката Мила Миливоевиќ, кои се членови од составувањето на бендот во 2013 година, но имаат и проширен состав со уште една гитара, бас и тапани. Како кавер бенд тие се активни веќе 3 години со многубројни настапи во пабови, кафулиња и локали и со неколку настапи на фестивали низ државата. Досега имаат издадено една авторка песна “I’m in love” со која ги освоија сите телевизиски и радиски топ листи ширум земјата. Овoј бенд моментално работи на неколку авторски песни за кои е планирано да бидат издадени во поскоро време. Репертоарот на овој млад бенд е составен од стари и нови хитови од различни жанрови како хип хоп, драм ен бејс, даб степ, кои се преработени во нивана поп – рок верзија.

Бендот Чил Плеј има учествувано на многубројни фестивали:

  • Фестивал на Скопски Улични Музичари 2014, Плоштад Македонија, Скопје
  • Акустик Сквер Мујзик Фестивал 2014, Универзална Сала, Скопје
  • Скопски Маратон 2014, Парк Жена Борец
  • Фудбалодром 2014
  • Волшебна Нова 2015, Парк Жена Борец
  • Фестивал на Скопски Улични Музичари 2015, Плоштад Македонија, Скопје
  • ONE DAY Fest 2015, Скопско Кале
  • Баскерфест 2015, Плоштад Филип II, Скопје
  • Ракометарска Академија “Андреа Лекиќ” 2015 (Ден на ракометот), Плоштад – Охрид
  • Златни денови 2015, Кратово
  • ВиноСкоп 2015, Спортски Центар Борис Трајковски, Скопје
  • Божиќен маркет 2015/2016, Плоштад Македонија, Скопје
  • Проектот „Улични и музичари и артисти“ се реализира во организација на ЈУ Конгресен центар Александар Македонски“- Скопје, а покровител е Градот Скопје.
Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.