Културни викенд настани во Градот

Овој викенд градот Скопје нуди доста интересна и разнолика програма, реализирана со тековните проекти и манифестации кои му се случуваат на Скопје во овој летен период.

Овој петок, во рамките на манифестацијата Скопско лето, во Националната галерија на Македонија (Даут пашин амам) ќе се одржи концерт „Where Jazz Meets Classical“ со почеток во 20:30часот. На концертот учество ќе земат, Бранко Павловски, македонски кларинетист со интернационална репутација. Како солист и камерен музичар, Павловски настапувал во САД, Франција, Англија, Германија, Чешка, Полска, Италија, Бугарија, Грција, Хрватска, Србија и Македонија), Емилија Попивода, пијанистка со богата интернационална кариера и вистински амбасадор на македонската култура во светот. Од нејзините мнгубројни настапи, се издвојуваат: Солистички концерт во „Symphnoy Hall” Токио, Солист со Регионалниот орекстар од Кан и ДЈ Дерик Меј, изведба во “Acropolis arena” во Ница, Концерти со трио „Mezzo” во Рим, Солист со канадската филхармонија “West Coast Symphony”, Концерт во „Devonia Hall” во Лондон, Солистички концерт во „TeatroMarchello” во Рим, Солистички концерт во “MC Gallery” во Њујорк, Концерт во “Wiener Hall” во Салцбург, Австрија; Концерт во “Mirbach Palace” во Братислава. Вилијам Харнд, пијано концерт гостин од САД, е американски пијанист , кој ова лето учествува на Меѓународниот музички фестивал на Адриатикот во Дуино, Италија, и Интернационалната музичка академија, како и Фестивал Пабло Касалс во Прад, Франција на мастеркласови со Оливие Гардон од Националниот Конзерваториум од Париз. Вилијам Харнд има настапувано во САД, Австрија, Италија и Франција.

Рок свирката со бендот “Stand by” најавена за во 20часот на градскиот плоштад „Македонија“, заради временските услови се откажува за вечерва и ќе биде презакажана за некој нареден датум.

Додека во сабота, во рамките на проектот Улични музичари и артисти“, е истотака закажана свирка со групата „Швалери“, на градскиот плоштад „Македонија“ во 20часот.  Швалери се бенд кој постои и настапува веќе шест години, и е добро познат на публиката со своите редовни настапи низ скопските куфулиња и дискотеки. Членовите на бендот имаат настапувано и на неколку скопски фестивали како Мак Фест, Демо Фест, Скопски Фестивал и други. Бендот го сочинуваат пет членови кои музицираат на следниве инструменти, ритам и соло гитара, бас гитара и тапани, како и соло изведувач. Во рамките на Скопско лето, Концерт на дует “Voci di luna” , флејта и пијано закажан за сабота, на барање на гостите од Италија е презакажан за 25јули.

Градот Скопје преку своите културни институции успева да го задржи духот и урбаната уметност на градот и во овие летни денови, на задоволство на посетителите на градот и ѓраѓаните кои ја воспремеаат културната уметност во летните вечерните часови.

[su_slider source=”media: 7482,7481,7483″ limit=”3″ link=”lightbox” width=”260″ height=”380″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”3000″ speed=”3000″][su_slider source=”media: 3570″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”680″ height=”340″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″] [su_slider source=”media: 3570″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”380″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.