Рок забави викендов на Плоштад

Последниот викенд во месецов ќе го проследиме со нови настани на Плоштад „Македонија“ – петок и сабота со почеток во 20часот. За сите оние кои ќе го минат викендов во градот, ќе имаат можност за одлична забава и релаксација во топлите вечери.

Викендов ќе имаат прилика да настапат два нови бенда од Скопје. Во петок е закажана свирка со „Radiohat“ кои свират акустични поп и рок преработки. Често настапуваат во локалите во Скопје и други градови. Составот е склоп од членови кои настапуваат заедно и во други бендови, а го сочинуваат: Филип Исаков Џајо – (Гитара/вокал), Илија Трајковски – (Бас гитара), Дејан Которчевич Котор – (Перкусии, кахон, тапани) и Моника Ставревска – (Вокал).

Во сабота, пред скопската публика ќе одржат настап, “Shvaleri”, бенд кој постои и настапува веќе шест години, и е добро познат на публиката со своите редовни настапи низ скопските куфулиња и дискотеки. Членовите на бендот имаат настапувано и на неколку скопски фестивали како Мак Фест, Демо Фест, Скопски Фестивал и други. Бендот го сочинуваат: Драги Филиповски (вокал), Димитар Стефановски (соло гитара), Даниел Шилев (ритам гитара), Јордан Георгиевски (бас гитара) и Кристијан Лафазановски (тапани).

Уличните музичари и артисти го будат духот на градот! Викендов забавата е во Скопје!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.