Пушти ги „Токсиколози“ преку DMA Music!

Една од најпопуларните хип-хоп групи на нашево поднебје „Токсиколози“ неодамна го извадија нивниот прв албум, а Digital.Millennium.Artists која се грижи будно да ви ги сервира на тацна буквално сите ваши омилени песни, неодамна ја продлабочи соработката со нив.

Така што, што? Од сега па натаму песните од албумот „Пушти Глас!“ кои ги прават македонските рапери Сиги, Кацар и Џоле можат да зграмат на YouTube кај и да сте:

Односно целиот албум благодарение на Digital.Millennium.Artists одеднаш e достапен на Apple iTunes, Google Play, Spotify, Deezer и AmazonMP3:

https://itunes.apple.com/us/album/pusti-glas!/id1131748135

„Пушти глас“ е мотото под кое макотрпно работат овие енергични момци, нивниот материјал се крчка, а во DMA Music веќе мириса на слатката манџа од баба, ви го сервираме набрзо со полна пареа и е повкусен од она досега, ви гарантираме!

Ако си поминавте јако на првиот „BRONX 1.01“ заедно со „Токсиколози“  ние ви ветуваме во иднина и други дружби со нив. Заедно работиме во проширување на урбаната димензија и вреднување на домашната авторска музика.

Во периодот на консумирање интензивен звук од новата песна „Подобар“ ќејф ни е да ве известиме дека се шушкаат и многу новости кои допрва ќе ги дознавате парче по парче. Затоа следете го каналот DMA Music и бидете во тек со се што ви криеме под чаршафот, а има многу, има многу….

За оние кои не ги познаваат, ако воопшто има такви, „Токсиколози“ се виорот во градот и нивната музика е добредојдена за душевниот немир на младиот човек од социјалната голгота, неперспектива и вреднување на сопствената суета. Музиката која ја прават е полн погодок за добра журка и главење до зори.

Се појавиле на многу фестивали, мали и големи дискотеки, клубови, кафулиња, дупки, штали, отварања на концерти, пред-група на големи артисти… па затоа иако се релативно млади, „Токсиколозите“ со себе носат знаење стекнато од искуство за правење атмосфера како никој друг досега на нашите простори.

 

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.