Поезија на Ирена Христова од Велес во Меѓународна збирка

Меѓународната школа за поезија од Белград и Клубот на уметници ,,Ѕвездани Колодвор‘‘ објавија Mеѓународна збирка поезија под наслов ,,Стихови од седефа‘‘, а во него стихови и од младата македонска поетеса Ирена Христова од Велес.

Меѓународната збирка ,,Стихови од седефа‘‘ е објавена електронски, а ќе биде промовирана и во печатено издание. Збирката поезија содржи избрани творби на автори учесници на Меѓународен поетски конкурс на тема ,,Стихови за љубовта‘‘, распишан од Меѓународната школа за поезија од Белград и Клубот на уметници ,,Ѕвездани Колодвор‘‘ .

Младата талентирана поетеса Ирена Христова во збирката е застапена со една поетска творба објавена на македонски јазик. Покрај поезијата на Христова, избрани се стихови на 89 автори од Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Меѓународната збирка ,,Стихови од седефа‘‘  е достапна во електронско издание на следниот линк 
Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.