Project Orpheus Live @ The Old Town Brewery

DMA Music и Пивница „Стар Град“ со гордост ви ги најавуваат Project Orpheus!

Во летните, вечерни часови низ старата чаршија на град Скопје владее една незаменливо друштвена атмосфера, бидејќи длабоко во срцето на ова место пулсира енергијата од безброј луѓе кои со векови тука се собирале да ги споделат и разменуваат своите приказни, искуства, мисли и чувства.

Ако прошетате по калдрмата и поразговарате со некој од постарите занаетчии, несомнено ќе ја слушнете легендата дека низ чаршиските стари улици се кријат толку многу приказни и случки, што ниту еден човек не живеел доволно долго сите да ги чуе, или пак раскаже.

„Не е типично место за рок концерт. Меѓутоа идеална прилика е да воспоставиме една јавна, а сепак интимна атмосфера која ќе резонира помеѓу нас и публиката за време на целото шоу. „Рок“, односно „поп“ форматот на настап го оставаме за нашите фестивалски концерти, каде што и ние, заедно со публиката сакаме да звучиме гласно и експлозивно. Овој вид на настап си носи со себе сосема различна убавина и традиција.
Спој помеѓу корењата и гранките.“ — Вели Давид.

Надгледувајќи ја целата оваа градска историја, на чело на скопската чаршија се наоѓа култната Пивница „Стар Град“, каде што концертот ќе се одржи.
Бината ќе биде поставена на отворено, а публиката ќе биде позиционирана фронтално, соочувајќи се со бендот.
Токму поради оваа „стратешка“ и воочлива позиција ја избравме оваа локација за овој летен концерт, со цел да ви го овозможиме комплетното „Project Orpheus искуство“, кое навистина препорачуваме да го проследите со внимание.

Се гледаме таму на 12 – ти август (петок), 22:00 часот!

Влезот е бесплатен.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.