Јас сум важен ко ти, ти си никој ко јас…

Групата „Милко“ од Скопје оваа година го означува своето јубилејно постоење од 10 години на сцената.Digital Milennium .Artist ве чести со бесплатна прошетка на YoubTube, доколку сте жедни за време со себе, тогаш постелете ја чергата  на нашата платформа и налејте си музика од овде.

Нивните следбеници ја знаат историјата која зад себе ја крие оваа фантастична група, извор од кој непрекинато протекува интимна музика, стил кој ги допира душите, емоционалн инди-рок.

Нивниот најнов албум „Милко“, пуштајте го преку нашиот YouTube канал DMA Music. Нас жедта ни ја изгасна песната „Ја сум важен као ти, ти си никој као јас“ пробјате ја!

 

Да расчепкаме малку низ никулците. „Милко” е есенско „дете“ се роди во 2006 година во темна и многу валкана подземна просторија во едно предградие на Скопје. „Милко” е резултат на заедничка идеја која беше развиена од страна на начин на имагинацијата и потребата за музичко изразување на поединецот, скриени и интимни чувства. Две третини од групата се одвоени делови од нивнито ткиво, односно групата  “Никотин”,  тие ја продолжија својата музичка патека во рамките на „Милко” која беше како логично и легитимно наследство на “Никотин”. „Милко”  е нивниото привремено засолниште, начин на живот и начин на соочување со реалноста.

„Милко“ еднаш ќе каже: „Може ли да се дефинира нешто што претставува сублимат на чувства, искуства во животот, влијанијата, настаните да бидат трансформирани во формат наречен музика? Може ли некој да го искаже со зборови, а камоли да се дефинира нешто што е толку убаво?“

 

Фантастичната спојка од Сашо Митревски (гитара, вокал), Стефан Терпини (тапани) и Никола Кузмановски (бас гитара) ни ја носаат онаа искреност и како нивните стихови да се сведоштво кое го скокотка секој кој ќе заплива подлабоко. Не плашете се да нурнете!

На последниот албум во редот на овие тројца момци преполни со страс која ја истураат пред наши очи несебично застанува и младиот басист Филип Петровски.

Дискографијата на „Милко” брои две EP објави: „Don’t Let Them Win “(2008) и „Changes “(2009), како и три албумски изданија: „Nicotine“(2010), „Луѓе“ (2013) и „Миллко” (2015),  сите издадени за PMG Recordings. Актуелниот албум на „Милко” ни ја донесе можеби нивната најискрена и најдиректна плоча досега којашто изобилува со имагинарен занес и креативна страст проткаена низ обидот за јасна и вистинска дијагноза за градот и времето во кое живееме.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.