„МАЛА ВОЛШЕБНА ФЛЕЈТА“ (адаптирана опера за деца, на македонски јазик)

Вечерва, 07 Септември, ќе се биде изведена операта „Мала волшебна флејта“ од В.А.Моцарт. Операта е планирана за изведба пред платото на Македонската опера и балет со почеток во 20 часот, но доколку временските услови не го дозволуваат одржувањето, истата ќе биде изведена на малата сцена на МОБ.
„Мала волшебна флејта“ е адаптирана опера за деца на македонски јазик, како и за сите љубители на оперската уметност, во која децата ќе земат активно учество преку убавата музика на Моцарт. Македонската опера и балет кај нас преку ваквите претстави продолжува со музичката едукација на најмалата популација.
Режисер на претставата е Урсула Хорне (Австрија), а асистент на режија Љупка Јакимовска. Настапува солистичката екипа на Македонската опера и балет. Техничка подршка е Јавната Установа Конгресен Центар „Алкесандар Македонски“ – Скопје.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.