КОМИЧНАТА ОПЕРСКА ПРЕТСТАВА „РИТА“ ВО СТРУГА И ОХРИД

Во четврток 29 септември, 2016 г. со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, Македонската Опера и Балет ќе гостува со камерната комична оперска претстава, „Рита“ од Гаетано Доницети. Истата претстава во петок, 30 септември, 2016 г. со почеток во 20 часот, ќе се изведе и во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток.
Настапува млада солистичка екипа, која ја сочинуваат: Полина Тасева, како Рита, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски
Режисер е Трајко Јордановски, а диригент, Ѓурѓица Дашиќ.

ХУМАНИТАРНА ПРЕТСТАВА!
Средствата од претставата ќе бидат наменети за поплавените подрачја во скопско!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.