МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ „ЈАС ИСИДОРА“

Во среда, 05 октомври 2016 г. во 20 часот, на Малата сцена во Македонската опера и балет, ќе се одржи балетската претстава „Јас, Исидора“. Оваа претстава е веќе 10 години на репертоарот на МОБ и сеуште предизвикува должно внимание кај публиката. Претставата е инспиративна приказна за животот на славната американска балерина Исидора Данкан и рускиот поет Сергеј Есенин.

Либрето, кореографијата и режијата се на Олга Панго
Музика: Калиопи Букле
Сценографија и костимографија: Благој Мицевски

Настапуваат:
Исидора: Саша Евтимова
Есенин: Игор Веланоски
Јас Исидора: Maрија Јосифовска Ристовска, а играат и Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Марина Анастасовска, Стефан Кочевски

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.