Извадок од книгата ,,Мое виножито” која наскоро ќе излезе од печат

Да искулираме

Почитуван читателу. Ова не е предговор ни епилог .  Тоа ми звучи премногу формално , оддалечено, а јас сакам блиски муабети со блиски луѓе. Ова е разговор меѓу мене и тебе. Пред да почнеш да ја читаш книгата знај дека оваа книга има своја претходничка ,,Никогаш сама,, чија крштевка се одржа на дваесет и трети мај 2015 година. Таa сега е добро, си стои на полиците на нејзините пријатели а некогаш ги посетува и пријателите на нејзините пријатели. Во име на нашата доверба ќе ти кажам колку заработив од неа.  Заработив доверба од читателите, добив желби за брзо издавање на следната книга. Вреди да го правиш тоа што го сакаш. И да не заработиш ќе останеш забележан, ќе ти се исполни душата ќе ти се направи ќеифот , ќе добиеш идеи за нови и ново творештво.  Како и претходната книга и оваа не е моја животна приказна  туку приказна на мојата инспирација.  Ти ја посветувам книгата тебе, на твоето семејство, на твоите пријатели, на моите нај мили, на моите следбеници, на моите мразители, на секој што ќе ја отвори и прочита и на секој што ќе ја отвори и затвори книгата. А сега доволно ти го одземав времето за читање. Ти посакувам убав ден, мир во душата и голема концентрација.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.