После завршувањето на ,,Мое виножито”

Не сум од оние писатели што пишуваат што се случило со ликовите од книгата по десет години или што се случува со мене после завршувањето на книгата. Затоа што мојот стил е поинаков и не сакам веќе видени нешта. Не сум сметководител да сметам но знам дека нема потреба од формалности. Кога почнав да ја пишувам првата верзија на книгата беше безцелно, си мислев нека тера вака па каде ќе стигнам таму. Потоа се случи расипувањето на мојот компјутер и немаше никаква можност за никакво враќање на документите од него. Штом се избриша книгата, сигурно можам повеќе и подобро. Така и бидна. Затоа да знаеш доколку нешто изгубиш, избришиш знај дека ќе дојде подобро од претходното. Зошто би се случило тоа инаку?
Драг читателу. Се надевам дека не те расплака самиот крај, но иако солзите не изостанаа слободно пушти ги, не ги запирај, нека течат природно. Како што виножитото се бори да излезе после дождливите облаци така и книгата се избори да го доживее својот светол ден. Постојано врескаше кога ќе го видам фајлот со нејзината содржина. АЈДЕ, САКАМ ДА ИЗЛЕЗАМ, ДОСТА ВРЕМЕ МЕ ДРЖИШ. Упорноста и борбеноста го даваат најдоброто од нас, но запомни само на чесен начин. Во спротивно се губи смислата. Не знам дали ја испи книгата во еден здив како текила, или ја густираше како ракија со салата, како Македонска жена но важно е твоето мислење. Пред да почне книгата ти посакав многу внимание и среќни мигови додека ја читаш. Ако ти беше здодевна ти се извинувам, наредната нема да биде ни малку слична на оваа. Книгата беше упорна и излезе, но да ти се пофалам и јас бев. Ја барав инспирацијата таму каде што ја немаше, а не знаев ни каде да ја барам. Чекав да ми прелета крајот и го фатив како пеперутка. И го пренесов баш таков каков што го фатив. Е сега кога ја прочита протегни тело, излези на кафе и дај им ја на твоите пријатели, да видат каква книга си прочитал додека те немало на фејсбук. Првата помина веќе пред една година а оваа е поинаква од неа, по префинета но помистична. Сите очекуваа ова да биде продолжение на ,,Никогаш сама” но нема потреба. ,,Никогаш сама” ќе си ја продожиш сам во твојата глава. Знам дека си паметен и можеш се што ќе посакаш. Не жалам што нашето дружење завршува овде, затоа што можеме да се видиме во живо. Но и да не се оствари таа средба ќе ме најдеш низ страниците на третата среќа, на третата книга.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.