Место за душа

На само неколку километри од Пехчево се наоѓаат пехчевските водопади за кои малку се знае. Недопрената природа на пехчевските водопади изобилува со четири големи и бројни помали водопади.Овие бројни извори на реката Брегалница се вистински предизвик за авантуристите чие љубопитство го открива секое скриено место. Ако сте уметник, писател, овде можете да најдете парче инспирација. [su_custom_gallery source=”media: 7801″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”500″ height=”400″ title=”never”][su_custom_gallery source=”media: 7586″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”540″ title=”never”][/su_custom_gallery]Ова рајско место изобилува и со животни кои царуваат во овој предел. За одмор, починка и мала закуска можете да направите на дрвените мали клупи кои ви даваат можност да уживате во храната под отворено небо. Ова место е убаво и за медитација и за средување на мислите. Ако еднаш го посетите ова место, желбата за наредна посета нема да ве напушти. Прекрасна примамлива глетка. Ја буди желбата да ги ставиме рацете, а може и нозете во ладната вода. Со искачувањето погоре, изворот на Брегалница ни доаѓа во пресрет.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.