Македонска опера и балет Н. Р. Корсаков ШЕХЕРЕЗАДА

Чест ни е да Ве известиме дека во сабота, 29.10.2016 г. во 20 часот, Македонската опера и балет ќе ја прикаже балетската претстава „Шехерезада“. Музиката за ова популарно дело е на рускиот композитор Николај Римски Корсаков. Кореографијата за нашата „Шехерезада“ е на познатиот кореограф од Москва: Михаил Крапивин. Сценографијата на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија. Приказната за убавата Шехерезада од познатиот циклус приказни „Илјада и една ноќ“, ќе ни ја „раскажат“ следните балетски уметници, во главните улоги: Забеида: Ивана Коцевска, Златен роб: Дојчин Дочев (Бугарија), Султан Шахријар: Драган Кочоски и Шах Земан: Киро Павлов.
Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира: Бисера Чадловска.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.