Македонска опера и балет „РОДЕНДЕНОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ЕВА“

Македонската опера и балет во сабота 29 и недела 30.10.2016 г. со почеток во 12 часот, на Малата сцена во МОБ, ќе ја изведе детската оперска претстава „Роденденот на принцезата Ева“. Се работи за комична музичко-сценска претстава, во која се раскажува за подготовката на роденденот на принцезата Ева.
Дејствието се одвива низ комични ситуации, во кои дворјанката Ена, најдобрата пријателка на принцезата Ева и туторот на принцезата-Господин Макс, сакајќи да и помогнат на Принцезата, се доведуваат во многу смешни ситуации. Дејствието се збогатува со присуството на нивниот нов пријател Јане, кој со задоволство ја прифаќа понудата на принцезата да им помогне околу подготовките на роденденската прослава.
Музичкиот дел на претставата е составен од музички дела од современи автори и популарни арии од познати оперски дела, со адаптиран текст во функција на сценариото на претставата.
Сценарио и режијата се на Десанка Глигоријевиќ.
Учествуваат: Симона Петровски / Надежда Рубен како, Прицезата Ева
Марика Поповиќ / Катерина Бошковска / Валентина Димитриевска, како Дворјанката Ена
Јане Дунимаглоски ( момче на труба ) / Дејан Стоев (момче на кларинет или оперски пеач)
и Невен Силјановски (пијанист), како Господин Макс.

 

29.10.2016  / 30.10.2016 / Македонска опера и балет / 12.00 ч.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.