Македонска опера и балет „ВЕЧЕР НА СОЛО ПЕСНИ“ Ана Ројдева Талевска (сопран) и Андреј Наунов (пијано придружба) 04.11.2016 / 20.00 ч.

„Вечер на соло песни“ –  Ана Ројдева Талевска (сопран) и
Андреј Наунов (пијано придружба)


Македонската опера и балет од почетокот на оваа сезона, во реновираните Салон и Фоаје на МОБ, воведува една убава практика. Тоа се настапи на наши и гости солисти, со свои рецитали. Во четврток, 04.11.2016 г. во Фоајето на МОБ, со почеток во 20 часот, рецитал ќе одржи нашата сопранистка, Ана Ројдева Талевска, насловен како: „Вечер на соло песни“.
Публиката ќе има можност да ужива во една убава програма која се состои од следните дела на:
Роберт Шуман: Mit Myrten und Rosen; Singet nicht in Trauertonen; In’s Freie.
Јоханес Брамс: Botshaft; Wir wandelten; O liebliche Wangen.
Франц Шуберт: Der Hirt auf dem Felsen и
Јохан Штраус:`Fruhlingsstimmen.

Пијано придружбата е на Андреј Наунов, а режисер на рециталот е Дејан Прошев.

Влезот е слободен.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.