Twelve Moons Of Jazz

Twelve Moons Of Jazz во седмото продолжение, ќе биде место на испреплетување во различноста на изразот прикажан преку музика и пишан збор. Топлината овој месец ја носат творци кои од различен агол ја набљудуваат музиката.

Од страната на сцената овој пат ни гостува еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти Goce Stevkovski. Запаметен по соработката со Кирил Џајковски, Леб и Сол, Архангел, Ласт експедишн, Проект Жлуст, ДНО, Коџабашија, Фолтин, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Шаревски Квартет, Зоран Маџиров и останатите, Стевковски во 2013 година се издигнува на повисоко ниво компонирајќи го својот деби албум насловен “7 Stories” заедно со повеќе етаблирани македонски музичари во проектот едноставно именуван Goce Stevkovski Septet.

Покрај слушањето музика, ретко имаме прилика да забележиме пишан македонски збор во име на музиката низ призма на сериозна и прецизна анализа. Од спротивната страна на сцената ќе имаме можност да се запознаеме и дружиме со музичкиот новинар Nenad Georgievski кој е долгогодишен соработник на порталот за џез-музика „All About Jazz” во САД и организатор на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Skopje Cinema City“. Во седмото издание на Twelve Moons Of Jazz ќе биде промовирана книгата „МУЗИКА И МУАБЕТИ“, збирка на интервјуа од авторот Ненад Георгиевски. Интересен спој на музика и разговор за нејзиното создавање од различни погледи кон музичката уметност.

По полноќ квалитетно раздвижување со џез сет на DJ Бојан Чакра.

#TwelveMoonsOfJazz со музика и книга како прибежиште од уличните студови.

Влез: 150 денари

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:

http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Резервации: +389 72 562 405

Медиумски покровител: Jazz FM радио (100.8 FM)

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.