Балетскиот спектакал „КЛЕОПАТРА“ во МОБ

Македонската опера и балет Ве известува дека после спектакуларната Светска Премиера на балетот „Клеопатра“, со која нашата Примабалерина Александра Мијалкова прослави јубилеј 25 години уметничка дејност, нејзините репризи закажани за 23 и 25.11.2016 г. се продадени, следна претстава за која публиката може да си купи билети е онаа закажана за среда, 14.12.2016 г. За „Клеопатра“, специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е Василиј Медведев од Русија, сценограф / костимограф: Павол Јураш од Словачка, а либретото е на
Јана Темиз од Турција. Во главните улоги настапуваат првенците: Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили-Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антониo, Октавија: Марија Кичевска-Шокаровска, Змија: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Октавијан: Киро Павлов, Аплодор: Дојчин Дочев.
Диригент: Бисера Чадловска
Настапува оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.