Шизици, уживајте без ризици @Таксират

Шизици уживајте без ризици!
Тестирај се, заштити се, не дискриминирај…

…и биди во МКЦ на 1 декември на настанот посветен на Светскиот ден за борба против СИДА, во рамки на Таксират!

Со твоето присуство на настанот ќе се приклучиш на Националната кампања за борба против ХИВ/СИДА на Министерство за Здравство на РМ, финансирана од Глобалниот Фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, во соработка со Светска Здравствена Организација.

На располагање ти е цело МКЦ, со различни активности и содржини: проекции на филмови во кино „Фросина“, додека во фоајето на МКЦ ќе биде промовиран и овогодинешниот „Твитер календар” што ќе се продава по симболична цена, а средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели!

За музичкиот дел ќе се погрижат: Соња Исмаил со свој DJ сет, Лепи Џони и легендарните Bad Copy.

Програма

16:30 – 00:00 / Фоаје

Штандови на невладини организации и дистрибуција на материјали

– НВО Доверба

– Црвен крст на Република Македонија

17:00 – 19:20 / Кино Фросина

Проекции на филмови

17:00
„Кога облаците пукаат ” (30.00 min.)
Кумјана Новакова

17:30
„Добредојдовте во Покров”(35.00 min.)
Снимено од А. Њувит Бингол
Извршни продуценти: Снежана Чичивалиева и Арта Кули

18:10
„Здраво кукло” (17.00 min.)
Снимено од А. Њувит Бингол
Извршни продуценти: Снежана Чичивалиева и Арта Кули

18:35
„Плукни во шприцот” (17.00 min.)
Снимено од А. Њувит Бингол
Извршни продуценти: Снежана Чичивалиева и Арта Кули

19:00:
„Патот до решението ” (18.00 min.)
Снимено од А. Њувит Бингол

19:20 – 20:00 / Фоаје Кино Фросина
Коктел

20.00 – 21.00 / Фоаје

Изложба на Тwitter календар
Музички сет: Dj Sonja Ismail

21:00 – 00:00 / Дансинг сала

Лепи Џони
Бенд Bad Copy

Шизици, сакајте се, љубете се, уживајте со своите партнери и дојдете во МКЦ!

Влезот е слободен.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.