Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште & Area 03.12.2016 во Vip Arena

ALL YOU NEED IS LOVE ДЕН ВО СКОПЈЕ!
ЗА ПРВ ПАТ НА ЕДНО МЕСТО, ВО ИСТО ВРЕМЕ БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ И АРЕА!
После големиот концерт на Ian Gillan- вечер на Deep Purple со Македонската Филхармонија, големо задоволство ни е да Ви го претставиме својот последен проект со кој Авалон Продукција ја затвора историската 2016-та година во Македонија.
После толку многу светски имиња и светски концерти во Скопје, оваа година се одлучивме за прв пат на едно место за крај да го собереме најдоброто во областа на поп рок музиката во последниве 20-тина години, и тоа ни помалку ни повеќе, со три целовечерни концерти на едно место- на Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа- имиња кои го претставуваат најдоброто во својата област, во земјите од кои доаѓаат.
Сите три бенда ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути. Манифестацијата ќе има многу интересен opening act, чие име ќе биде објавено утре, така што журката ќе трае речиси 6 часа.
Трети декември ќе биде идеална вечер да се соберат сите генерации на едно место, за да го видат и да го слушнат најдоброто од регионот.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати и обавени во среда во 21 часот на ова место.

Авалон Продукција

 

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.