МЛАДАТА И УСПЕШНА ПОЕТЕСА ВИКТОРИЈА ПЕТРОВСКА НИ НАЈАВУВА НОВО, ПОРАЗЛИЧНО ДЕЛО

По точно една година од промоцијата на нејзината втора стихозбирка ,,Ехото на душата’’, младата поетеса Викторија Петровска го подготвува нејзиниото ново дело.

За разлика од претходните две стихозбирки кои главно беа со тематики од секојдневниот живот, инспирирани од нашите секојдневни случувања, овојпат Викторија пишува инспирирана од себеси.-,,Новото автобиографско дело е во екот на неговите подготовки.Со оглед на моите многубројни активности и секако обврските кои си ги носи со себе Правниот факултет, полека но сигурно работам на моето трето парче душа, како што си го нарекувам јас. Искрено се надевам дека Новата Година ќе ми започне држејќи во рака нешто ново и мое’’ – вели поетесата.И покрај изучувањето на правото Викторија не ја изостава љубовта кон пишаниот збор и не престанува да твори. Како што вели таа – пишувањето ѝ е потреба.

Талентирана млада поетеса, која учествува на секој литературен конкурс  како во нашата така и во други држави.Од нејзините многубројни награди како најдраги  ќе ги издвоиме следните:

-Прва награда на Меѓународен фестивал за поезија и кратки приказни – ,,Раде Томиќ’’- Нови Сад

-Втора награда на седмиот фестивал за  Меѓународна поезија и кратки приказни – ,,Трифун Димиќ’’ – Нови Сад

-Гран-при награда на 41-ви  Детски Рацинови средби – Велес

-Прва награда  на  државниот литературен  конкурс  Творам за Македонија на тема ,,Јас и мојот град’’ – Меморијален центар Фондација- Никола Кљусев – Скопје

-Првонаградена литературна творба на  ниво на Република Македонија – Здружение на просветни работници на Град Скопје

Автор е на две стихозбирки, Биди нешто што никој не е (2012), Ехото на душата (2015)

За стихозбирката  Ехото на душата ја добива наградата Поетска гравитација за најдобра објавена стихозбирка за 2015 година од страна на Здружението за наука и култура НОВА – Битола.

– Секојдневието на оваа млада девојка го сочинуваат и многубројни други активности :

Таа подготвува свои едночинки, дел е од многу промоции, ги подготвува сценаријата и е водител на повеќе литературни читања. Сето ова надополнето со нејзината наклонетост кон дружбата, патувањето,  пријателите и запознавањето на нови луѓе ја прават Викторија она што вистински е :  дружељубива, зборлива, амбициозна и крајно посветена на работата!

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.