9-ти Декември Таксират Фестивал

Македонско „Ол-стар“ финале на ТАКСИРАТ 18!
АРХАНГЕЛ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, САНАТОРИУМ, ФОЛТИН и ЧИСТА ОКОЛИНА на иста сцена, во иста вечер!

За заокружување на годинашното издание, ТАКСИРАТ ја претставува главната вечер на фестивалот, како „Ол стар“ вечер со најголемите македонски музички имиња во живо! Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, ТАКСИРАТ со огромно задоволство, на големата бина во Метрополис Арена ќе ги претстави легендарните македонски музички уметници кои ги поставија темелите во музичкиот развој за сите следни генерации кај нас, со остварувања кои ги надминаа границите на земјава!

На Таксират: Македонски звучи супер!
А ништо не е случајно. ТАКСИРАТ веќе 18 години активно ја промовира современата и алтернативна македонска музичка сцена. Имено, пред публиката на ТАКСИРАТ досега настапиле повеќе од 450 македонски музичари, а речиси и да нема издание на Таксират во кое дел од овие изведувачи не ја предводат главната вечер.

Првите, СУПЕР-ПРОМОТИВНИ БИЛЕТИ за главната вечер на ТАКСИРАТ ќе бидат пуштени во продажба во петок (14-ти октомври), со цена од 500 денари, која е 40% пониска од полната цена и ќе важи само за ОГРАНИЧЕН БРОЈ на билети. Покрај овие, достапни ќе бидат и галерија-билетите по цена од 1000 денари, за сите оние кои главната вечер ќе сакаат да ја проследат од галеријата на Метрополис Арена.
Билетите ќе бидат достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Во Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална Сала, Нептун Стадион, Нептун City Mall, Нептун Аеродром; Кафе Браво, Кафе Круг, Розе Веро 2,
• Во Охрид: New Tobacco;
• Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани, Штип, Прилеп, Битола
• Во Битола:Хард Рок Кафе
• Во Куманово: Кафе Агора
* Онлајн на mktickets.mk/taksirat18

Во меѓувреме, Ве потсетуваме дека во тек е гласањето за избор на Најдобрите европски фестивали, во кои нашиот ТАКСИРАТ е номиниран во две категории: Best Small Festival и Best Indoor Festival.
Особено ќе ни значи доколку го поддржите ТАКСИРАТ во оваа трка, а можете да гласате на http://eu.festivalawards.com/vote-now/ .

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.