Ретвитни оброк #94 – во Божиќно расположение!

#РетвитниОброк е 94-та недела во акција!

Првото делење од 2017-та година токму во Божиќно расположение! Сите хумани граѓани нека се приклучат на оваа акција и она што е останато од бадниковата трпеза нека го споделат со оние кои немаат.

Да направиме 100- ина бездомници и социјално загрозени лица достоинствено, во позитивен дух да вкусат топол оброк за време на овој голем празник.
Овој петок исто така нема да готвиме заедно, но затоа секој од нас може да одвои оброк, два, пет, десет или колку може од она што го подготвува за богатата бадникова трпеза, да не го фрла она кое што останало од собиранки и прослави туку да го спакува и во сабота во 12:30 часот, на платото на Мајка Тереза директно да сподели на нашите сограѓани.
Алуминиумски чинии за пакување ќе бидат оставени во портирницата на спомен куќата на Мајка Тереза.

Како можете да ни се придружите:

– Ќе го зачувате вашиот оброк и наместо да го фрлите ќе го поделите некому кој нема
– Ќе зготвите сами или со вашите пријатели 3-5-10 или колку што можете топли оброци
– Ќе донирате намирници кои ќе бидат од огромна помош за некој што има желба да зготви.

Згответе, ретвитнете, споделете топол оброк со оние кои немаат! Споделете ентузијазам, надеж, хуманост и добрина во новата 2017-та!

За било каква информација пишете на групата #РетвитниОброк. Заедно да се избориме против гладта!

Ви посакуваме прекрасно расположение и многу љубов за престојните празници!

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.