ТРАДИЦИОНАЛЕН КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ „ВАСИЛИЦА“

Честитајќи Ви ги претстојните празници, чест ни е да Ве известиме дека Македонската опера и балет ја продолжува традицијата со концертот по повод празникот „Василица“.
Во четврток, 12 јануари 2017 ќе се одржи концерт насловен како „ЗАБОРАВЕНИ ПЕСНИ“.
На концертот ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но во програмата има и неколку популарни композиции. Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска, во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет.
Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент: Бисера Чадловска.

Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ, како и онлајн на: www.mob.mk. Новина поврзана со билетите е можноста да се купат и во ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, преку системот karti.com.mk, се со цел, билетите за МОБ да бидат подостапни до љубителите на уметноста.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.