СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА 14.01.2017 / 15.01.2017

Македонската опера и балет и после Новогодишните празници, на својот репертоар ќе продолжи со поставување на претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои нашата најмлада популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот.
За таа цел во сабота, 14.01. и во недела, 15.01.2017 г. со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е закажана популарната детска балетска претстава „Снежана и седумте џуџуња”. Најблагородната публика поторно ќе може да ужива во бравурозната игра на популарните ликови, Смешко, Учо, Лутко, Спанко, Убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други.
„Снежана и седумте џуџуња”, е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која секогаш нашата најмлада популација го исполнувала Салонот до последНо место.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.