Ilija Djokovic во Епицентар

Сабота, 14 Јануари

Ilija Djokovic
soundcloud.com/ilijadjokovic
https://www.facebook.com/djokovicilija/

Local support:
Bodan Jamakoski

Влез: 200 МКД

Додека бил млад, Ilija Djokovic бил заинтересиран за сите видови музика, но по „лутањето“ меѓу различни жанрови, чувствува дека електронската музика му е при срце.

Стартува со DJ-ство во 2010 година, а од тогаш до денес се развива во еден од најталентираните DJ-и во надоаѓање на Балканската техно сцена. Познат е по своите енергични сетови исполнети со мелодично и еуфорично техно, а самиот тој мајсторски знае да ја почувствува публиката и што таа сака во моментот да слушне на подиумот.

Освен како DJ, познат е и по својата продуцентска работа, а негови траки се издавани преку издавачки куќи како Phobiq, Driving Forces, Funk’n Deep, Renesanz и Tauten.

Моќните техно траки често се наоѓаат на плејлистите на познати светски имиња и добиваат feedback од артисти како Adam Beyer, UMEK, Hernan Cattaneo, Fabio Florido, Sam Paganini, Cristian Varela и Mark Knight.

Djokovic го делел DJ пултот со многу познати имиња, меѓу кои The Martinez Brothers, Monika Kruse, Dubifre, Uto Karem, Nakadia, Loco & Jam, Tania Vulcano и други.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.