Gameover / Druggy / Sub Collective At Vox – 18.01.2017

Прва “Greatest Beats” забава за 2017 во Клубот VOX. Ние ја одбравме Среда 18.01.2017, бидејќи утредента е делумно неработен ден 😉 Забавата започнува од 23 часот, додека влезот е 100 денари (конзумација).

Покрај СУБ Колективот – (Bad Propaganda , Blagorodna, Stone Monkey) наши гости ќе бидат

GAMEOVER – долго годишен драм енд бејс дј и продуцент, кој патем пушта хип хоп, брејкови, фанкови и други музики, најпознат е по резидент забавите “Новата манџа…”, има издадено неколку свои траки, како и многу ремикси на домашни артисти.

DRUGGY – продуцент, промотер и дј. Дел е од првото драм енд бејс дуо – Аномалиа Натива, еден од креаторите на TRAP DA FUCK UP забавите, како дј не е ограничен музички, сака да експериментира со повеќе стилови.

СУБ Колектив постојат веќе една година, тоа се претежно поранешни радио водители на Канал 103 / Студент ФМ , а сега имаат подкаст серија “СУБ” секој четврток од 22. До 24 часот на www. Radiomof.mk. Тоа се Bad Propaganda, Blagorodna и Stone Monkey, тие заедно имаат долгогодишно искуство како дји, организирајќи разни друм енд бејс и дубстеп забави како и повеќе гостувања во нашиот град.

Се видиме на подиум.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.