Дружење, потпишување и средба со Ксенија Николова на Булеварот на книгите!

Ксенија Николова е реномиран млада писателка која во рамките на Зимскиот Саем на книгата „Книга во секој дом“ на Клуб Матица за своите фанови и читатели ќе ги потпишува своите дела во, петок, 20.01.2017 година, со почеток во 18.00 часот. Средбата ќе се одржи во Клуб Матица на веќе познатиот Булевар на книгите.

Ксенија Николова има три дела зад себе, и тоа збирките „Ова не се Ромео и Јулија“ и „Идиотски приказни“, како и скоро објавениот роман „Макар уште еднаш“. Таа пишува од својата најрана возраст, а тематиките кои ги обработува во своите дела се посветени на животот и сите околности во истиот, испреплетени со емоции.

Сите заинтересирани се поканети на прекрасно дружење во опуштена зимска атмосфера.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.