Книга во секој дом Читателите на роденденска средба со Ана Бунтеска Книга, вино и торта

Скопје, (23.01.2017) Годинава Саемот на книгата „Книга во секој дом“ во организација на Клуб Матица започна на 20ти јануари и ќе трае до 31ви јануари. Во изминатите денови младите и веќе докажани автори, Вера Калин и Ксенија Николова, се дружеа со посетителите, членовите и читателите. Ваквиот начин на комуникација автор-читател, придонесува за зголемување на меѓусебната доверба, а од секоја средба авторот добива дополнителен мотив и инспирација да продолжи со нови наслови и приказни.

Денес, 23.01.2017, во 18.00 часот реномираната писателка, Ана Бунтеска, во Клуб Матица ќе ги потпишува своите „Стави лајк на сопствениот живот“ и најновата „Колку е потребно за среќа“. Точно четири месеци по претпремиерата на „Колку е потребно за среќа“ и на денот на нејзиниот роденден Бунтеска ќе ги сподели зборови и чувствата од своите дела лично со читателите. Ана со години придонесува кон збогатувањето на културниот живот кај нас, со пренесување на емоциите што се дел од секојдневието и реалноста, емоции и чувства што допираат до се повеќе читатели. Во поканата за денешниот настан искористени се делови од носечката песна „Колку е потребно за среќа“

„колку треба за да ти игра срцето

и очите со смеа да ти се наполнат

 

колку е потребно да му се насмееш на денот

та да си читаш навечер кога тивко е

и со книжулето под перница да спиеш…“

 

Покрај дружењето со Бунтеска во следните денови, читателите ќе имаат можност да се сретнат и со другите млади писатели, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов.

Покрај домашните автори, на Саемот понудени се и најновите остварувања на светски познатите Баркли, Каризи, Рајли, Љоса, Зафон, Лејкер, Ноухаус, Содерберг, Сарамаго, Кобен и други.

Саемот „Книга во секој дом“ секоја година го посетуваат повеќе од 30.000 посетители, а покрај во Скопје, љубителите на книгите ќе уживаат и во книжарниците во Охрид, Струмица, Штип, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Струга, Гостивар, Неготино, Делчево, Кочани и други градови.

Читањето е феномен на масовната комуникација.

Книгата е пријател, инспирација и учител.

КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ

читај, патувај, откривај, истражувај…

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.