26 Јануари Skopje Jazz Festival Annual Party with Sethstat

Традиционална постноводишна забава на Скопскиот џез фестивал со промоција на новите календари за 2017 и концерт на Сетстат.

СЕТСТАТ:
Владан Дробицки – тромбон
Васко Бојаџиски – саксофон
Панче Бујуклиев – клавијатури
Павел Дробицки – бас
Гоце Наумов – тапани

Сетстат се оригинална и препознатлива македонска група која свири современ џез, со познавање на речиси сите музички стилови и одлична уиграност во создавање на т.н. џез уметност. Нивната техника на свирење и индивидуален пристап кон сите видови музика создаваат оригинален и бомбастичен музички материјал со особен амбициозен пристап кон интерпретација на џез стандардите. Динамичност, владеење со сцената, меѓусебна хемија, загадочни аранжмани, фанки ритам секција и брилијантна дувачка секција се нивен заштитен знак. Интересното вкрстување помеѓу различните музички жанрови и звуци ги надминува сите очекувања од интерпретацијата на нивната музика.

Албуми:
Seth Makes Sense (1993)
Within Yourself (1996)
Sethstat (2000)
Rolling Garage (2004)
Korab (2011)
Petite Cinematique (2013)

Почеток 21:30
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.